Трамп: Многу сум почестен од поддршката на ДеСантис

од Stefanija Kuzmanovska

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп денеска му се заблагодари на гувернерот на Флорида Рон ДеСантис што го поддржа, велејќи дека е „многу почестен“.

„Многу сум почестен што ја добив неговата поддршка. Со нетрпение очекувам да работам со него за да го победиме Џо Бајден, кој е најлошиот и најкорумпираниот претседател во историјата на нашата земја“, изјавил Трамп за „Фокс њуз“.

ДеСантис вчера објави дека се повлекува од трката за претседателска номинација на Републиканската партија, додавајќи дека и покрај постоечките несогласувања, го поддржува поранешниот американски претседател.

„Јасно ми е дека мнозинството републикански гласачи сакаат да му дадат уште една шанса на Доналд Трамп. Иако имав несогласувања со него за време на пандемијата на коронавирус околу неговото издигнување на Ентони Фаучи, Трамп е супериорен во однос на сегашниот претседател Џо Бајден. Тоа е јасно“, рече ДеСантис во видео-обраќањето на социјалната мрежа Х.

Во трката за републиканската претседателска номинација, заедно со Трамп, остана поранешната гувернерка на Јужна Каролина, Ники Хејли.

Слични содржини