Американскиот претседател Доналд Трамп не ја исклучува можноста за признавање на анексијата на Крим од Русија , информира Блумберг.
Тој им изјави на новинарите дека таков потег ќе се разговара на состанокот со рускиот водач Владимир Путин следниот месец.
Се сеќаваме дека пред неколку дена Белата куќа и Кремљ потврдија дека Путин и Трамп ќе го одржат првиот официјален самит во Хелсинки на 16-ти јули.
Крим ќе биде една од темите за разговори со Путин , рече американскиот водач.
“Ќе зборуваме за сè, ќе разговараме за Украина, зборуваме за Сирија, зборуваме за изборите и не сакаме мешање на изборите”, рече тој.
За време на средбата на Г-7 во Квебек претходно овој месец претседателот на САД напоменам дека Русија сериозно инвестирала во Крим по анексија , но одби да ја критикува Русија за анексија на украинската територија . Тој дури и ја повика Русија да се врати во Г-8 – Форумот кој беше сведен до Г-7 по анексија на Крим во 2014 година
Доналд Трамп го обвинува поранешниот претседател Барак Обама за Крим.
“Претседателот Обама го дозволи тоа да се случи што е несреќа . Тоа беше за време на мандатот на Обама”, изјави Трамп.