Трамп му донесе рекордна гледаност на „Фокс“: Околу 7,7 милиони луѓе го гледале митингот во Тулса

од Vladimir Zorba
201 прегледи

Предизборниот митинг на американскиот претседател Доналд Трамп во саботата привлече рекорден број гледачи на телевизијата „Фокс“, иако собирот во Тулса, Оклахома, беше помалку посетен од очекуваното.

Околу 7,7 милиони гледачи гледале „Фокс њуз“ во саботата навечер, од 20 до 22 часот, објави телевизијата.

„Фокс“ во тоа време го емитуваше обраќањето на Доналд Трамп.

Како што објавија, тоа е најгледаната сабота, во тој временски период, во историјата на „Фокс“.

Веста за рекордот ја пренесе и Доналд Трамп на неговиот профил на Твитер