
Претседателот на САД, Доналд Трамп, смета дека претседателите на Русија, Кина и Турција, Владимир Путин, Си Џинпинг и Реџеп Таип Ердоган, се паметни луѓе со остар ум, и дека на Америка и требаат и такви луѓе.
„И ние мора да имаме некој таков. Ние имаме работа со луѓе кои би направиле нешто многу лошо на нас, ако можеа. Треба да бидеме попаметни од нив„, рече Трамп.
Тој за „Фокс њуз“ изјави дека неговиот најверојатен ривал на претстојните претседателски избори во САД, Џо Бајден, треба да полага тест за когнитивна способност.
Трамп проценува дека Бајден не би бил добар американски лидер.
Тој верува дека, со оглед на квалитетите на странските лидери, Претседателот на Америка мора да биде личност со остар ум.
Трамп посочува дека тестот за когнитивна способност што го направил претходно бил многу тежок, но дека постигнал добар резултат.
Претседателските избори во САД ќе се одржат во ноември.
Најверојатни ривали се Џо Бајден, како кандидат на Демократската партија, и Трамп, кој е Републиканец.