На денот кога американскиот конгрес треба да ја потврди изборната победа на Бајден, претседателот во заминување Доналд Трамп најави демонстрации во Вашингтон.
Според планот на организаторите, протестите треба да започнат од обелискот од Вашингтон, да се движат преку Плоштадот на Слободата до зградата на конгресот на Капитол Хил, пренесува CNBC.
„Ќе обезбедиме мирно одржување на протестите и насилството нема да се толерира“, рече новоназначениот началник на полицијата во Вашингтон Роберт Конти во интервју за „Вашингтон пост“.
Една од причините за страв од насилство за време на собирот на приврзаници на Трамп е пораката што актуелниот претседател ја испрати преку Твитер, во која ги повикува сите оние кои го поддржуваат да дојдат на протестот што тој го нарече „Стоп за кражбата“ со најавата дека демонстрациите „ќе бидат диви“.