Трамп најави ослободување од царини за автомобилската индустрија

од Vladimir Zorba
53 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп навести дека може привремено да и додели на автомобилската индустрија ослободување од тарифите што ги наметна претходно, за да им даде време на производителите да ги прилагодат синџирите на снабдување.

-Размислувам нешто да им помогнам на некои автомобилски компании. Ним им треба малку време бидејќи ќе произведуваат овде, но мора да преселат погони од Канада, Мексико и други места“, рече Трамп во Овалната соба.

Мет Блант, претседател на Американскиот совет за автомобилска политика, чија организација ги претставува Ford, General Motors и Stellantis, рече дека тие ги споделуваат целите на Трамп за зголемување на домашното производство. Но, тој предупреди дека широките тарифи за делови може да ги поткопаат тие цели бидејќи е потребно време за прилагодување.

На крајот на март Трамп најави царини од 25 отсто за автомобилите, нарекувајќи ги „трајни“, но сега се почесто ги повлекува и ревидира своите мерки за да ги ублажи политичките и економските последици.

Минатата недела, на пример, тој објави дека пошироките тарифи против десетици земји ќе се намалат на 10% за 90 дена за преговори, а истовремено ќе ги зголеми тарифите за кинеските производи на 145%, но привремено ќе ги ослободи електрониката и опремата како што се iPhone-ите од кои применуваше стапка од 20%.

„Не се предомислувам, но сум флексибилен“, рече Трамп.

Слични содржини