Американскиот министер за правда Вилијам Бар, кој рече дека не констатирал „изборната измама“ доволно голема за да ја поништи победата на Џозеф Бајден, најави своја оставка, објави доцна синоќа американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер.
„Бил ќе замине непосредно пред Божиќ да ги помине празниците со своето семејство, заменик министерот за правда Џеф Росен, неверојатна личност, привремено ќе ја извршува должноста министер“, објави претседателот во заминување.
Избраните членови на Изборниот колеџ во САД во понеделникот формално го избраа Џозеф Бајден за нов американски претседател.
Трамп, кој одбива да го признае својот пораз, во неделата ги критикуваше Министерството за правда и федералната полиција дека не му помогнале во борбата за докажување на постоење изборни измами.