Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп беше дочекан со голем аплауз на годишната Конференција за конзервативна политичка акција (КПАК) во Флорида, каде што за првпат се обрати пред јавноста по напуштањето на Белата куќа во јануари.
– Неверојатното патување што го започнавме пред четири години е далеку од завршено. Нашето движење на горди, вредни Американци штотуку започна. На крајот, ќе победиме – рече тој, пренесува Њујорк пост.
Тој ги обележа шпекулациите дека ќе формира нова политичка партија како „лажни вести“.
– Имаме републиканци. Ќе бидеме обединети и посилни од кога било досега. Нема да формираме нови партии, зошто би ги поделиле нашите гласачи? На тој начин никогаш не би победиле. Не, не ни е гајле за тоа – рече тој.
Изјави дека неговиот наследник,Џо Бајден, го има „најлошиот прв месец на функцијата“ од сите негови претходници досега.
– Сите знаевме дека неговата администрација ќе биде лоша, но не и дека ќе биде толку лоша – рече тој.