Трамп не го прифаќа резултатот: Поразот во Аризона МНОГУ тесен, виновен е „Доминион“

од Vladimir Zorba
172 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска на Твитер напиша дека „поразот во Аризона бил многу тесен“.

Лондонски „Индепендент“ тврди дека правниот тим на Трамп ја откажал жалбата во Аризона „кога сфатил дека не може да го престигне Бајден во трката за таа држава“.

Трамп уште еднаш ги обвини електронските машини за броење, наведувајќи дека зад крајните резултати стои системот „Доминион“, додава Индипендент.

– Сега е јасно дека катастрофалниот систем за гласање „Доминион“ беше користен во Аризона, а во најголем дел во Невада. Не е ни чудо што поразот беше тесен!“ напиша Трамп.

Твитер го опиша коментарот на Трамп како „дискутабилен“.