Поранешниот американски претседател Доналд Трамп не платил данок на доход во последната година од неговиот мандат и пријавил загуба во деловните активности, се наведува во извештајот на конгресната комисија задолжена за спроведување на истрагата.
Податоците објавени од комисијата на Претставничкиот дом предводена од демократски конгресмени покажуваат дека приходот и даночните обврски на Трамп драстично варирале во текот на неговите четири години во Белата куќа, објави „Ројтерс“.
Документите потврдуваат дека Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија плаќале одредена сума даноци во текот на сите четири години од мандатот на Трамп, но ги минимизирале приходите, наведувајќи дека претрпеле деловни загуби и ги прикажувале за да ги намалат даночните обврски.