Пристапувањето на Украина во НАТО „нема да се случи“, рече американскиот претседател Доналд Трамп на почетокот на средбата со британскиот премиер Кир Стармер.
Говорејќи во Овалната соба, Трамп истакна дека неговиот „приоритет број еден“ е да ги запре борбите бидејќи илјадници војници веќе загинале.
Британскиот премиер посочи дека има намера да разговара со Трамп за тоа како да се обезбедат гаранции дека Москва нема да го прекрши мировниот договор меѓу Русија и Украина.
Сепак, Трамп изрази уверување дека рускиот претседател Владимир Путин ќе го одржи зборот, додавајќи: „Уверен сум дека ако постигнеме договор, тоа ќе биде испочитувано“.
На крајот од средбата, американскиот претседател беше запрашан дали е подготвен повторно да го нарече Зеленски диктатор.
„Дали јас го кажав тоа? Не ми се верува дека го кажав тоа. „Следно прашање“, одговори Трамп, пренесува „Спутник“.