Доналд Трамп луто ги негираше тврдењата на режисерот на „Сам дома 2: Изгубен во Њујорк“ дека користел нанипулација за да ја обезбеди улогата во познатата комедија.
Поранешниот претседател накратко се појави во филмот од 1992 година во сцена снимена во хотелот Плаза, кој во тоа време го поседуваше.
Режисерот Крис Колумбус рече дека Трамп инсистирал да се појави во филмот доколку има снимање во хотелот.
Сепак, Трамп рече дека филмаџиите „го молеле“ да се појави.
„Бев многу зафатен и не сакав да го правам тоа. Тие беа многу љубезни, но пред сè, упорни“, напиша тој на својата платформа Truth Social.
„Таа мала сцена полета како ракета и филмот беше огромен успех, и сè уште е, особено за Божиќ. Луѓето ми се јавуваат кога и да се емитува“, додаде Трамп.
„Ако филмаџиите мислеа дека ги уценувал или не го сакале, зошто го оставиле во сцената повеќе од 30 години, праша Трамп.
„Бидејќи бев, и се уште сум, одличен за филм, затоа!“ – триумфално напиша Трамп.
Колумбо веќе зборуваше за Трамп во интервју за Business Insider во 2020 година, но истото го повтори и на социјалните мрежи за време на божиќните празници.
Режисерот рече дека Трамп побарал да се појави во филмот, покрај вообичаената такса за снимање во хотелот.
„Го плативме наемот, но тој исто така рече: „Единствениот начин на кој можете да го користите Плаза е ако сум во филмот“, рече Колумбо.
„Затоа се договоривме да го ставиме во филмот“, додаде тој.
Публиката го „поздрави“ појавувањето на Трамп во филмот, рече режисерот и додаде дека тоа стана „момент“ за публиката.
Сепак, тој повтори дека Трамп „грубо си го нашол патот до филмот“.
Трамп, сепак, рече дека „ништо не може да биде подалеку од вистината“.