Доналд Трамп „крстари“ низ Лондон во обична лимузина, туку во легендарниот „Ѕвер“ – претседателско возило што изгледа како мешавина помеѓу оклопен тенк и автомобил на Џејмс Бонд.
Со своите осум до десет тони и речиси десет сантиметри оклоп, Cadillac One е опремен со импресивен спектар на гаџети: од можноста да испушта масло и чад за да ги збуни непријателите, до гуми што можат да продолжат да возат дури и кога се целосно испукани, до херметички затворена кабина со сопствен довод на кислород, па дури и кеси со крв што одговараат на крвната група на претседателот.
Куршум би застанал на прозорците кои се дебели повеќе од 12 сантиметри, но луксузот на ентериерот го крие фактот дека ова е најтешкиот и најцврстиот седан на патот.
Иако забрзува до 100 км/ч за само околу 15 секунди и троши приближно 60 литри на 100 километри, цената на „Ѕверот“ од околу 1,4 милиони евра, со повеќе од 14 милиони евра потрошени за развој, доволно зборува за неговата ексклузивност и статус.
Токму во овој автомобил Трамп се вози низ улиците на Лондон, на пат од Виндзор до Чекерс – селскиот имот на британскиот премиер. Таму го пречека Сер Кир Стармер, заедно со неговата сопруга.