
„Њујорк тајмс“ треба да падне на колена и да побара прошка. Ова го напиша американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер.
Американскиот лидер го нападна весникот и конкретно колумнистот на „Њујорк тајмс“, Пол Кругман, истакнувајќи дека Кругман е „опседнат од омраза“.
„Пол Кругман од медумот за лажни вести „Њујорк тајмс“ ја изгуби целата доверба, како и „Тајмс“, со измислени и исклучително неточни статии за мене. Тој е опседнат со омраза, а другите се опседнати колку глуп е тој. Тој објави дека пазарот ќе пропадне, а тој бележи само рекордни врвови“, напиша Трамп во социјалната мрежа.
Потоа претседателот презеде втор напад на адреса на весникот: „Се прашувам дали од „Њујорк тајмс“ ќе ми се извинат по втор пат, како што направија по изборите 2016. Но, тоа треба да биде далеку поголемо и подобро извинување. Овој пат, тие ќе треба да паднат на колена и да побараат прошка – тие навистина се непријатели на народот“.