Трамп: Објаснете му на гувернерот Трудо дека воведувањето контра-царини ќе ги зголеми нашите царини

од Milan1
59 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи на социјалните мрежи откако канадскиот премиер Џастин Трудо го потврди воведувањето на „контрацарини“ против САД.

„Ве молиме објаснете му на канадскиот гувернер Трудо дека кога ќе воведе контрацарини на САД, нашите царини веднаш ќе се зголемат за истиот износ, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Вистина“ (Truth Social).

Трамп постојано го нарекува Трудо „гувернер“, што е во согласност со неговите напори да ја направи Канада 51-та американска држава.

На полноќ според времето во Вашингтон, стапија на сила долго најавуваните царини од 25 отсто на Трамп за Канада и Мексико, и новата царина од 10 отсто за Кина. Трудо одржа конференција во текот на денот, каде што потврди дека канадските „контрацарини“ исто така стапиле на сила паралелно со американските царини.

„Канада ќе воведе царини од 25 отсто за стоки од САД во вредност од 155 милијарди долари, почнувајќи со царини за стоки во вредност од 30 милијарди долари веднаш и царини за преостанатите стоки во вредност од 125 милијарди долари за 21 ден“, рече Трудо.

Слични содржини