Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во САД ќе починат помалку од 100.000 луѓе, како што првично се предвидуваше и посочи дека земјата е близу до врвот на епидемијата од коронавирус.

На брифингот во Белата куќа, Трамп рече дека состојбата во повеќе американски градови се стабилизира.
Меѓу нив е и Њујорк, за кој денес се намалува статистиката и има помалку лица кои се примени на интензивна нега од претходниот ден.
Според најновите податоци, САД имаат повеќе од 18.100 смртни случаи, а скоро половина милион луѓе се заразени.
Трамп рече дека има знаци дека социјалното растојание и останувањето дома покажуваат успех.