Трамп одлучен да го суспендира данокот на заработка поради короната

од Vladimir Zorba
138 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп е решен да го суспендира данокот на заработка на сите американски граѓани до крајот на оваа година, па најави дека ќе донесе еднострана одлука за тоа прашање доколку не се постигне договор со демократите во Конгресот.

Ројтерс пренесува дека Трамп најавил суспендирање на данокот на заработка дури и по 2020 година, доколку тоа го бара епидемиолошката состојба во земјата, ќе продолжи со помош за невработените и други мерки за помош од последиците од епидемијата на вирусот.

„Ако демократите продолжат да го опструираат овој важен план за помош, јас ќе донесам одлука во рамките на моите претседателски овластувања, така што државната помош ќе стигне до Американците на кои им е потребна“, рече Трамп на прес-конференција.

Тој најави извршна наредба за тоа прашање до „крајот на неделава“, без да прецизира дали тоа значеше на крајот на оваа или следната недела.

Слични содржини