Трамп: Односите со Кина се сериозно нарушени

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот претседател Доналд Трамп оцени денес дека односите меѓу САД и Кина се „сериозно нарушени“, повикувајќи се на кризата со коронавирусот и рече дека „засега“ тој не ја планира втората фаза од економскиот договор потпишан во јануари меѓу двете светски сили.

Кина „можеше да ја запре“ епидемијата на вирусот, Трамп повторно го обвини Пекинг во изјавите во претседателскиот авион на патот кон Флорида.

На прашањето за втората фаза од трговскиот договор потпишан по две години трговска војна, тој одговори: „Засега не размислувам за тоа. Искрено, имам многу други работи за кои треба да размислувам“.

Слични содржини