276
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека военото присуство на неговата земја во Авганистан, Ирак и Сирија е намалено на најниско ниво.
Трамп рече дека секогаш ќе го одржи ветувањето дека ќе стави крај на бесконечните војни. Трамп испрати писмено соопштение преку Белата куќа.
“Бројот на американски војници во Авганистан е најмал во последните 19 години. Исто така, бројот на војници во Ирак и Сирија е на најниско ниво. Јас секогаш ќе останам на моите ветувања за крај на бескрајните војни”, рече Трамп.
Подвлекувајќи колку е почестен да им дава поддршка на униформираните војници за време на неговиот мандат, Трамп истакна дека досега се потрошени 2,5 трилиони долари за војската.