84
Американскиот републикански претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека техничките карактеристики биле причината зошто звучел „чудно“ за време на интервјуто со милијардерот Илон Маск.
„За жал, поради сложеноста на модерната опрема и технологијата на мобилни телефони, мојот глас беше малку поинаков и чуден во одредени делови. Затоа објавивме вистинска и совршена снимка од разговорот“, напиша Трамп на платформата „Truth Social“, по коментарите дека шепотел и мрморел во интервјуто, пишува „Њузвик“.
На својот X профил, Трамп сподели нова снимка од двочасовниот разговор во кој неговиот глас звучи многу подобро.