САД веќе испраќаат оружје на Украина и ракетните системи „Патриот“ веќе се на пат кон Украина. Тие пристигнуваат од Германија, објасни вчера доцна вечерта претседателот на САД, Доналд Трамп.
Ова се првите испораки на оружје од САД за Украина одобрени директно од Трамп, кој претходно имаше поинакви ставови. Претходно, испораките што се случија во текот на неговиот мандат од почетокот на годинава, всушност беа оставнина од неговиот претходник Џо Бајден, односно одложени испораки потпишани директно од Бајден.
На почетокот на оваа седмица Трамп објави дека е донесена одлука да се испратат ракетни системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ на Украина – нешто што претходно беше спорно. Но, како што рече Трамп, за овие системи ќе платат сите членки на НАТО.