Трамп пиеше чај со поранешниот лидер на Ал Каеда, за чија глава САД понудија 10 милиони долари

од Milan1
83 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера пиеше чај со поранешен џихадист за чија глава до неодамна имаше американска награда од 10 милиони долари, објави Си-Ен-Ен.

Привремениот претседател на Сирија, Ахмед ал-Шара, некогаш познат по својот милитантен прекар Абу Мохамед ал-Џолани, се сретна со Трамп во Ријад шест месеци откако тој го собори режимот на Башар ал-Асад, ги протера вооружените групи поддржани од Иран и се прогласи за лидер на земјата.

Во 2013 година, Ал-Шара беше ставен на американската листа на глобални терористи бидејќи беше лидер на сирискиот огранок на Ал Каеда, познат како Фронт Ал-Нусра, и наводно организираше бројни самоубиствени напади низ цела Сирија. Поранешниот џихадист роден во Саудиска Арабија се борел против американските сили во Ирак со години пред да се пресели во Сирија за да предводи исламистички вооружен бунт со кој беше соборен бруталниот диктатор Башар ал-Асад.

Историски состанок

Средбата, која Сирија ја опиша како историска, беше првата средба меѓу американски и сириски претседател по 25 години и се одржа за време на турнејата на Трамп на Блискиот Исток, првата официјална посета во неговиот втор претседателски мандат.

И двајцата се смееја на фотографиите објавени од Белата куќа и саудиското Министерство за надворешни работи, а сириското министерство соопшти дека Трамп ветил дека ќе застане на страната на Сирија во овој клучен момент.

Трамп ги укина санкциите врз Сирија

Еден ден претходно, Трамп објави укинување на децениските санкции против Сирија, предизвикувајќи 40-секунден аплауз од публиката, вклучувајќи стоечки овации од саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман.

Слични содржини