Американскиот претседател Доналд Трамп помилува 15 лица, вклучувајќи го и неговиот поранешен член на кампањата за време на изборите во 2016 година, Џорџ Пападопулос и четворица вработени во приватната компанија за безбедност Блеквотер, кои беа осудени за убиство на ирачки цивили во Багдад во 2007 година.
Пападопулос призна дека ги лажел агентите на Федералното биро за истраги за време на испрашувањето за неговите врски со службеникот од Лондон, кој тврдел дека има компромитирачки информации за Хилари Клинтон.
Соопштението за помилувањата, како и ублажувањето на казната за уште пет лица, беше објавена на веб-страницата на Белата куќа.
News: President Trump has granted a full pardon to former GOP Reps. Duncan Hunter and Chris Collins pic.twitter.com/tYWDG9oI2r
— Phil Mattingly (@Phil_Mattingly) December 23, 2020
„Според една точка од обвинението, г. Пападопулос беше обвинет за давање лажна изјава, во врска со истрагата на Специјалниот истражител Роберт Малер за можно мешање на Русија на претседателските избори во 2016 година“, стои во соопштението.
Во исто време, се потсетува дека Малер во извештајот навел дека не нашол докази за тајни договори во врска со наводните обиди на Русија да се меша во изборите.
Помилуван е и адвокатот Алекс ван дер Зван, кој соработувал со поранешниот шеф на кампањата на американскиот претседател Пол Манафорт за водење бизнис во Украина.
A full pardon for @GeorgePapa19. pic.twitter.com/vkxKsuIVoR
— Steve Herman (@W7VOA) December 23, 2020
И Пападопулос и Ван дер Зван одлежале кратки затворски казни.
Повикувајќи се на неименувани извори блиски до Трамп, „Њујорк Тајмс“ објави дека ваквиот развој на настаните сугерира дека може да има нови помилувања поврзани со аферата „Русијагејт“ во последните недели од администрацијата на американскиот претседател.