
Американскиот претседател Доналд Трамп му нареди на Пентагон да го намали бројот на американски војници стационирани во Германија.
Неименуван висок американски функционер го потврди ова пред американските медиуми денес.
Во моментов има 34.500 американски војници во Германија. Одлуката на Трамп предвидува намалување на американското воено присуство во Германија за 9.500 војници до септември.