Трамп повторно ги нападна „Њујорк тајмс“ и „Вашингтон пост“

од Vladimir Zorba
81 прегледи

Претседателот на САД Доналд Трамп, денеска на Твитер повторно ги нападна неговите медиумски непријатели, „Вашингтон пост“ и „Њујорк тајмс“.

Седум години „Вашингтон пост“ и „Њујорк тајмс“ ќе бидат надвор од бизнисот, бидејќи, како што вели Трамп, објавуваат лажни вести.

– Социјалната мрежа Твитер се ослободува од лажните сметки со рекордно темпо. Дали тоа ќе ја вклучи и сметката на весникот „Њујорк тајмс“, кој шири лажни вести и на весникот „Вашингтон пост“, кој дејствува како пропагандна машина за компанијата „Амазон“, кој постојано се повикува на анонимни извори, кои по мое мислење, не постојат. Двата ќе бидат исклучени од бизнисот седум години!, напиша Трамп на неговиот Твитер налог.