Американскиот претседател Доналд Трамп денеска предупреди дека идниот месец може да се случи блокада на владата поради безбедносните прашања за границата со Мексико. Тој најави дека може да прекине со преговори ако не се обезбедат повеќе пари за ѕидот меѓу двете држави.

– Може ли да се случи блокада: Секако да, поради безбедноста на границата, бидејќи ѕидот е дел од тоа, изјави Трамп.
Тој откри дека на армијата ќе и даде овластување да користи сила ако биде потребно на мексиканската граница.
– Им дадов дозвола за користење смртоносна сила ако треба да користат, се надевам тоа нема да биде потребно.
Трамп предупреди дека САД може целосно да ја затворат границата со Мексико на одредено време „ако дојдо до ниво кога се губи контролата“ и ако се загрозат животи на Американци.