Трамп: Примирјето во Сирија се почитува

од Maja Serafimova

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој денеска ќе има средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во Белата куќа, рече дека прекинот на огнот во Сирија многу добро се одржува.

Трамп пред новинарите оцени дека односите меѓу САД и Турција се добри и дека неговата администрација разговара со Курдите, кои, се чини, се задоволни.

Американскиот претседател рече дека Ердоган и тој ќе разговараат и за рускиот ракетен систем и билатералниот трговски договор за време на состанокот.

Слични содржини