– Да речеиме дека погрешиле тоа се зборовите што ги употреби американскиот претседател Доналд Трамп за да го окарактеризира рускиот напад со два проектила врз центарот на Суми, како што пишува на почетокот на својата анализа на Си-Ен-Ен.
Трамп на „Truth Social“ тврди дека „напорно работи на запирање на смртта и уништувањето“ и уште еднаш ги обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски и поранешниот американски претседател Џо Бајден за конфликтот, како што објави „Гардијан“.
– Војната меѓу Русија и Украина е војна на Бајден, а не моја. Само што дојдов и четири години за време на мојот мандат немав проблем да го спречам тоа да се случи. Претседателот Путин и сите други го почитуваа вашиот претседател! НЕМАМ НИКАКВА ВРСКА СО ОВАА ВОЈНА, НО РАБОТАМ ДА СЕ ЗАПРЕ СМРТТА И УНИШТУВАЊЕТО. Ако претседателските избори во 2020 година не беа наместени, а беа, на многу начини, таа ужасна војна никогаш немаше да се случи. Претседателот Зеленски и искривениот Џо Бајден направија апсолутно ужасна работа што дозволија да започне оваа пародија. Имаше толку многу начини да се спречи дури и да започне. Но, тоа е минато. Сега треба да го запреме, и тоа БРЗО. ТОЛКУ ЖАЛНО!, напиша Трамп.
Тој дополнително ги разјасни своите ставови за време на состанокот со претседателот на Ел Салвадор во Овалната соба во понеделникот попладне.
– Милиони луѓе загинаа поради три лица, рече тој, тврдејќи дека „Бајден можеше да ја спречи, Зеленски можеше да ја спречи, а Путин никогаш не требаше да ја започне, војната.
– Да речеме Путин број еден, да речеме Бајден, кој немаше поим што по ѓаволите прави, број два и Зеленски, рече американскиот претседател.
Запрашан за Зеленски, Трамп рече: „Кога започнувате војна, треба да знаете дека можете да победите во војна… Не започнувате војна против некој што е 20 пати поголем од вас… А потоа се надевате дека луѓето ќе ви дадат некои проектили“, рече Трамп, меѓу другото нагласувајќи дека тој е првиот што и дал на Украина ракети „Џавелин“.