171
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека неговата администрација ќе воведе дополнителни санкции за Иран по минатонеделниот напад врз саудиските нафтени објекти, за кои администрацијата на САД го обвини Техеран.
– Само што воведовме санкции кон иранската национална банка, изјави Трамп на средбата со австралискиот премиер Скот Морисон.
Саудиска Арабија објави дека „Иран несомнено го спонзорирал“ нападот, додека Техеран негира дека е инволвиран на кој било начин во нападот, за кој Хутите во Јемен ја презедоа одговорноста.
САД веќе применуваат голем број санкции кон Иран откако американската администрација се повлече од нуклеарниот договорм склучен во 2015 година.