Кога станува збор за резултатите од претседателските избори во Америка, ситуацијата е толку неизвесна што е скоро невозможно да се предвиди дали Доналд Трамп ќе остане во Белата куќа или дали демократот Џо Бајден ќе стане нејзин нов потстанар.
Најголемата борба сега се води околу Пенсилванија, Невада, Џорџија и Северна Каролина и во зависност од тоа како се распределуваат гласовите таму, односно на кој му припаѓаат електорите, ќе знаеме кој ќе победи.
Важниот Висконсин сега е во рацете на Бајден. Истото се случи и со Мичиген.
Трамп сè уште може да земе некои од клучните земји, пред се Пенсилванија.
Како ќе победи Бајден?
Бајден е пред победа. Тој веќе собра 253 електорски гласа и потребни му се уште 17, што значи дека би било добро за него доколку ситуацијата во Невада и Аризона остане вака (тој води таму). Двете земји заедно носат точно 17 гласа.
Како ќе победи Трамп?
Од друга страна, на Трамп му треба чудо. Односно треба да се промени ситуацијата во Невада или Аризона и да победи таму, бидејќи победа во Пенсилванија, Северна Каролина и Џорџија (каде што сега води) нема да му биде доволна.