Паралелно со крајот на прес-конференцијата меѓу Путин и Лукашенко, во Вашингтон започна средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и генералниот секретар на НАТО Марк Руте.
Трамп веднаш ја искористи можноста да ја коментира моменталната ситуација околу предложениот прекин на огнот.
„Се надевам дека Русија ќе постапи правилно. Би сакал да видам прекин на огнот од нивна страна“, рече Трамп.
На прашањето како ќе ја коментира прес-конференцијата на Путин, тој рече дека изјавата на рускиот претседател е „ветувачка“, но „не целосна“. Тој повтори дека е подготвен да разговара со Путин за предложениот прекин на огнот.
Овој пат тој не го критикуваше НАТО, како што правеше досега, туку го пофали Руте за „фантастичната работа што ја работи“.
Трамп рече дека неговиот пратеник Стив Виткоф моментално е на „сериозни разговори во Русија“ и во моментов се состанува со Путин.