Трамп се откажa од царините за еден вид производи!

од Vladimir Zorba
111 прегледи

Нова епизода во драмата со царините што Доналд Трамп му ги наметнува на остатокот од светот.

Како што објави Си-Ен-Ен, штотуку беше објавено дека електронските уреди увезени во САД ќе бидат ослободени од тарифите што ги воведе американскиот претседател.

Ова е суштината на известувањето издадено од Службата за царина и гранична заштита.

Да потсетиме дека Доналд Трамп предизвика вистински светски економски земјотрес кога најави воведување „реципрочни“ тарифи или царини за речиси сите земји во светот, за неколку дена подоцна да ја одложи примената на оваа мерка, освен за Кина, на која и воведе царини од 135%.

Слични содржини