Поранешниот претседател Доналд Трамп, кој беше исфрлен од главните социјални мрежи поради ширење лаги, лажни информации и тврдења, вклучувајќи потпалувачки твитови за време на насилниот и смртоносен напад на Капитолот што тој го поттикна, а негови подржувачи го извршија, постави порака на „Икс“, платформа претходно позната како Твитер.
Тој го стори ова за првпат откако го избркаа од сајтот. Ја постираше својата полициска фотографија (mugshot) од вчерашното предавање во затворот во Џорџија.
Постот е направен неколку часа откако тој синоќа пристигна во озлогласениот затвор во окруот Фултон, Џорџија, за неговото пријавување за тужбата поради обидите да се спречат изборните резултати во државата во 2020 година.
На Трамп му беше дозволено да се врати на Твитер откако неговиот сопственик, Илон Макс ја откупи мрежата лани во октомври. Но, поранешниот претседаетел избегнуваше да ја користи и најмноги се обраќаше преку неговата „Трут соушал“.
Десничарскиот коментатор Такер Карлсон претходно на „Иск“ објави снимено интервју со Трамп. Интервјуто беше пуштено да оди за време на првата републиканска претседателска дебата во средата, која Трамп намерно ја пропушти, а беше поканет да учествува како лидер во трката.
Познавачите велат ваквите посатапки се за да го сврти вниманието кон себе како учесник во трката со засега највисок рејтинг меѓу оние кои се борат за номинација претседателски кандидит од Републиканската партија, на изборите идната година во ноември.
Од штабот на Трамп изјавија дека полицискиот mugshot ќе го користат во промотивни цели, за собирање кампањски донации од продажба на маици, филџани и друг промотивен материјал со оваа слика.