САД се на нозе. Насилни протести избија во неколку американски градови по смртта на Џорџ Флојд, а демонстрациите беа проследени со жестоки судири меѓу полицијата и демонстрантите.
Протестите се претворија во обичен вандализам во некои делови, а покрај бројните ограбени продавници како „Најк“, „Долче и Габана“ и „Шанел“, беше уништена и црквата Свети Јован во Вашингтон.
Овој верски објект е познат и како претседателска црква, бидејќи се наоѓа недалеку од Белата куќа.
Како одговор на овој чин, пред црквата се појави Претседателот на САД Доналд Трамп кој одржа краток говор додека држеше библија пред камерите.
Трамп рече дека ако градовите и државите не ги контролираат протестите, тој ќе ја распореди армијата и брзо ќе го реши проблемот, пренесува Би-Би-Си.