Американскиот претседател Доналд Трамп предложи високи претставници на Белата куќа да не бидат меѓу првите приоритети за вакцината против КОВИД-19.
Во јавноста се појави информација дека персоналот на Белата куќа ќе биде меѓу првите што ќе ја примат вакцината, но Трамп го демантираше тоа на Твитер и напиша дека вакцината ќе ја примат „подоцна, освен ако тоа не биде неопходно“.
„Побарав да се направи таа измена. Јас не сум по распоред да ја примам вакцината сега, но со нетрпение го очекувам тоа во вистинското време. Ви благодарам”, рече американскиот претседател во изјавата.
Агенцијата претходно објави дека на Трамп, потпретседателот Мајк Пенс и други високи американски официјални лица ќе им биде понудена приоритетна вакцинација против КОВИД-19, која започнува денес, како дел од планот насочен кон осигурање континуитет на владата.
Според тој план, во наредните 10 дена треба да се вакцинираат најважните вработени во Белата куќа и одредени службени лица во сите три гранки на власта.