Не толку долго по потпишувањето на новите извршни наредби во средата, американскиот претседател Доналд Трамп рече дека не е загрижен дека трговската војна со Кина може да ескалира во поинаков вид на конфликт.
– Мислам дека претседателот (на НР Кина) Си Џинпинг е многу паметен човек. Мислам дека ќе добијат многу добар договор. Знаете, сите тие години бевме третирани лошо. Повторно велам, дозволивме да се случи. Сите тие години не третираа лошо. Не очекувам (ескалација). Претседателот Си е еден од многу паметните луѓе во светот. Мислам дека не би дозволил тоа да се случи, кажа Трамп.
– Ние сме многу моќни. Оваа земја е многу моќна. Ќе ви кажам… многу сме помоќни отколку што луѓето сфаќаат. Имаме оружје за кое никој не знае. И тоа е најмоќното оружје на светот. Многу помоќно… никој нема ниту блиску. Никој нема да го направи тоа. Кога станува збор за ескалација, мислам дека претседателот Си знае точно што треба да се направи. Тој е многу паметен човек, го познавам добро…Мислам дека ќе дојде телефонски повик во еден момент. Тоа ќе биде голема работа за нив, ќе биде голема работа за нас, ќе биде голема работа за светот и за човештвото, додал Трамп.
Изјавата на Трамп дојде откако наметнувањето на таканаречените реципрочни царини за производите увезени од САД од повеќе од 70 земји беше одложено за 90 дена.
Кина не беше меѓу оние земји кои беа поштедени од царината. Нејзините производи Трамп ги оптовари со царина од 125 отсто. Ваквата одлука ја донесе откако Кина одговори на царините што претходно ги воведе со наплата на американските производи со царина од 84 отсто.