Трамп тврди дека бил во Газа, медиумите во САД велат дека нема докази за тоа

од Vladimir Zorba
27 прегледи

Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп во едно неодамнешно интервју тврдеше дека е во Газа и дека таму е „многу тешко“, но Си-Ен-Ен, Њујорк Тајмс и Вашингтон пост наведуваат дека нема јавни докази за да се потврди неговото тврдење, со оглед на тоа дека Газа е под власта на Хамас од 2007 година.

Тимот на кампањата на Трамп тврди дека тој навистина ја посетил Газа.

„Претседателот Трамп претходно бил во Газа и секогаш работел на обезбедување мир на Блискиот Исток“, изјави Каролин Левит, портпаролка на предизборниот тим на Трамп, пренесе Си-Ен-Ен.

Слични содржини