Трамп тврди дека ја одложил инвазијата на Украина за неколку години: „Му кажав на Путин…“

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот американски претседател и можен кандидат на новите избори следната година, Доналд Трамп тврди дека рускиот претседател Владимир Путин, доколку тој останел претседател на САД, немало да ја нападне Украина.

Тој, исто така, тврди дека ја одложил руската инвазија за неколку години откако му рекол на рускиот претседател: „Немој да го правиш тоа“. Трамп ова го изјави за време на интервју за десничарската американска телевизиска мрежа Фокс њуз.

„Имам многу добри односи со Путин. Мислам, не сум разговарал со него долго време, но имам многу силни односи со Путин“, рече Трамп.

Тој претходно изјави дека би ја завршил војната во рок од 24 часа.

„Разговарав со него. Му реков, ако го направиш ова ќе има пекол за кој ќе треба да платиш. Ќе биде катастрофа. Немој да го правиш тоа“, навел Трамп.

Слични содржини