Трамп тврди: Изборите ги губам само ако демократите мамат

од Nikola Popovski
88 прегледи

Доналд Трамп, претседателскиот кандидат на Републиканската партија на американските избори кои ќе се одржат во вторник, изминатите неколку денови изнесе неколку тврдења дека може да загуби само доколку тимот на неговата противкандидатка Камала Харис направи измама на изборите.

Си-Ен-Ен пишува дека Трамп во изминатите неколку дена на неколку собири го иницирал истото сценарио како и на изборите во 2020 година, кога уште пред крајот на гласањето изјавил дека може да загуби само доколку демократите извршат изборни манипулации.

– Тој искористи неколку изолирани случаи на нерегуларности што се случија во изминатиот период со цел да ги подготви своите поддржувачи погрешно да веруваат дека изборите не се легитимни доколку загуби – истакнува Си-Ен-Ен.

Изборните експерти велат дека и покрај виралните и хиперболични тврдења, огромното мнозинство гласачи речиси сигурно ќе гласаат без проблем, без разлика дали се работи за предвремено гласање, гласање по пошта или на денот на изборите.

– Како што започна предвременото гласање, многу локални и државни функционери ја покажуваат својата намера проактивно да ги разоткријат лагите за изборите кои се проширија како шумски пожар на социјалните мрежи – пишува CNN.

Би-Би-Си јавува дека ФБИ ја предупредил јавноста за лажни видеа во кои содржината е дигитално манипулирана, со цел да се убеди американската јавност дека изборите се нелегитимни и дека има измама.

– Во објава на „Х“ во саботата, ФБИ информира дека две видеа шират гласини за измама со гласачките ливчиња и Даг Емхоф, сопругот на демократската кандидатка за потпретседател Камала Харис. Лажните видеа, за кои се тврди дека се од ФБИ и го вклучуваат логото на бирото, не добија голем број прегледи од вистински луѓе на „Х“ – пишува Би-Би-Си.

Слични содржини