Трамп: Вакцина против Ковид од април, нема да ја доставиме во Њујорк (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
167 прегледи

Во своето прво обраќање по изборите, американскиот претседател во заминување Доналд Трамп рече дека Соединетите држави нема да одат во блокада и очекува вакцините против Ковид-19 да бидат достапни на населението од април.

Трамп рече дека вакцините ќе им се даваат на граѓаните од април, а прво вакцината ќе ја добиваат постарите луѓе.

Исклучок ќе биде градот Њујорк, чиј гувернер рече дека не верува во вакцината одобрена од администрацијата на Трамп, така што вакцината ќе биде испратена во тој град кога за тоа ќе биде подготвен, рече Трамп.

„Нема да ја доставиме во Њујорк додека не добиеме одобрување за тоа“, рече Трамп.

За време на своето обраќање, Трамп повтори дека САД имаат најголем број случаи само затоа што најмногу луѓе се тестираат за коронавирус.

Изјави и дека неговата администрација „под никакви околности нема да дозволи заклучување“.

„Според некои проценки, државната блокада чини 50 милиони долари на ден и стотици илјади работни места изгубени секој ден“, рече тој.