Трамп вели дека бројот на демонстранти се намалува

од Vladimir Zorba
189 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека бројот на демонстранти во Вашингтон во саботата бил помал од очекуваниот, благодарение на работата на американската национална гарда, тајната служба и полицијата.

„Толпата во Вашингтон беше многу помала од очекуваната“, напиша американскиот лидер на Твитер. „Националната гарда, Тајната служба и полицијата во Вашингтон прават неверојатна работа. Благодарам!“

Масовни протести и немири избувнаа во многу американски држави по смртта во Минеаполис на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина при апсење на 25 мај. Сите четворица полицајци вклучени во неговиот притвор беа отпуштени и обвинети.

Властите воведоа полициски час во околу 40 градови во Соединетите држави, вклучувајќи ги Вашингтон и Њујорк.

Во Лос Анџелес и на многу места во државата Калифорнија, оваа мерка веќе е укината.