Трамп во 1999 година: За десна рака ја сакам Опра

од desk2
99 прегледи

По говорот на Опра Винфри на доделувањето на Златните глобуси сите пишуваат за нејзиното можно кандидирање за претседател на САД во 2020 година.

Белата куќа таа можност ја дочека со раширени раце и наведе дека без разлика дали Опра или некој друг е во прашање, Трамп го прифаќа предизвикот.

Социјалните мрежи се преплавени од снимка од гостување во една емисија во 1999 година на Трамп.

Тогаш прашан кого сака да види како своја десна рака ако некогаш се кандидира за претседател, Трамп веднаш одговара – Опра.

„Опра Винфри која навистина е одлична!“, рекол тогаш Трамп.