Трамп: Во Детроит има многу повеќе гласови од луѓе

од Vladimir Zorba
308 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп не се откажува од обвинувањата за изборни измами, а неговата кампања бара ново пребројување на гласовите во некои земји.

Иако не се појавува во јавноста, Трамп продолжува да го изразува своето незадоволство на Твитер, изнесувајќи неосновани обвинувања за изборни измами, пренесува Ројтерс.

Официјални лица во Висконсин, како и во Џорџија, рекоа дека новото пребројување на гласовите во тие држави нема да го поништи резултатот од изборите на кои победи Џо Бајден.

Трамп ги оспорува и резултатите во Мичиген. Тој денес тврди дека бројот на гласови преброени во Детроит, упориштето на демократите и најголемиот град во Мичиген, е поголем од бројот на жители.

„Има многу повеќе гласови од луѓето во Детроит. Ништо не може да ја оправда огромната измама. Јас победувам во Мичиген“, рече тој на Твитер.