„Јас ќе продолжам да се борам со вас и нема да направам нова партија, ќе останам во Републиканската партија. Приказната дека ќе направам нова партија е лажна вест“, рече Доналд Трамп и најави дека е можно тој да се кандидира за претседател на Соединетите Американски Држави во 2024 година.
„Џо Бајден го има најкатастрофалниот прв месец од претседателствувањето во модерната историја“, рече Трамп.
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го одржува својот прв говор по напуштањето на Белата куќа на 20 јануари. Тој им се обрати на приврзаниците на Републиканската партија што ја одржуваат годишната конференција за Конзервативна политичка акција (КПАЦ).
Трамп оцени дека изборниот процес во Америка е „болен“ и дека е неопходна негова реформа.
„Најважната задача на Републиканската партија е да обезбеди фер, чесни и демократски избори“, нагласил Трамп.
https://www.youtube.com/watch?v=knIWglEeZJI