Трамп води пред Бајден, а до изборите само уште осум месеци

од Nikola Popovski
436 прегледи

Американскиот претседател Џо Бајден губи од неговиот републикански ривал Доналд Трамп, кој е пред него во анкетата што денеска ја објави „Њујорк Тајмс“ и покажува „алармантни знаци“ за дел од демократските гласачи.

Анкетата 3 објавена осум месеци пред ноемвриските избори и четири дена пред „Супер вторник“, кога во 15 сојузни држави се одржуваат паралелни прелиминарни избори на Републиканската и Демократската партија. Речиси е сигурно дека и Џо Бајден и поранешниот шеф на државата Доналд Трамп ќе ја добијат номинацијата на нивните партии.

Доколку гласачите треба да одлучат денеска, 43 отсто би гласале за Бајден, а 48 отсто за Трамп, покажува националната анкета спроведена од „Њујорк Тајмс“ и Универзитетот „Siena College“. Истражувањето открива „низа алармантни сигнали за претседателот во рамките на демократското гласачко тело, особено меѓу жените, црните и латино гласачите“, како и меѓу работната сила, пишува „Њујорк Тајмс“.

Само еден од четворица гласачи смета дека државата оди во добра насока, а „мнозинството оценува дека економијата е во лоша состојба“, додава весникот. И покрај бројните правни неуспеси, поранешниот претседател „освои 97 отсто од гласовите на оние кои рекоа дека гласале за него пред четири години, а речиси ниту еден од неговите поранешни поддржувачи не рече дека сака да гласа за Бајден“.

Спротивно на тоа, „Бајден добил само 83 отсто од своите гласачи во 2020 година, а 10 отсто од нив велат дека сега го поддржуваат Трамп“, наведува „Њујорк Тајмс“. Покрај економијата, непријатност кај дел од демократското гласачко тело предизвикува и возраста на претседателот Бајден (81), како и неговата цврста поддршка за Израел, кој војува во Газа.

Во ноември, „Њујорк Тајмс“ објави анкета една година пред претседателските избори, која покажа дека Трамп веќе е пред Бајден во пет од шесте клучни држави, додека поддршката на актуелниот претседател меѓу младите и малцинствата е послаба.

Слични содржини