Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека гувернерот на сојузната држава Џорџија, Брајан Кемп, одбива верификација на потписите на гласачите кои гласале на американските претседателски избори одржани на 3 ноември.
Трамп напиша на Твитер:
„Републиканскиот гувернер на Џорџија одбива верификација на потписите, а тоа би ни донело лесна победа. Што не е во ред со овој човек? Што крие тој?“
Пред два дена Трамп тврдеше дека „лесно и брзо“ ќе ја освои Џорџија доколку локалните власти дозволат верификација на потписите на гласачите на пликовите на кои биле испратени гласачките ливчиња по пошта.
Тој изјави дека верификацијата на потписите секако „ќе покаже големи отстапувања“.
Џорџија е една од шесте држави во кои изборниот штаб на Трамп поднесе тужба до државниот суд, барајќи поништување на резултатите од претседателските избори одржани на 3 ноември, поради, како што посочуваат, раширената измама.
Во четвртокот, тимот на Трамп презентираше видео докази за изборни измами, кое наводно покажуваат куфер полн со гласачки ливчиња извадени од под масата кога републиканските набљудувачи и новинарите биле отстранети од избирачкото место.