Трамп застана на страната на Маск: „Тесла“ мора веднаш да започне со работа!

од Vladimir Zorba
273 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп интервенираше во конфликтот меѓу директорот на компанијата „Тесла“, Елоа Маск и властите во Калифорнија, барајќи отворање на фабриката за производство на автомобили „Тесла“, без оглед на препораките на локалните власти.

– Калифорнија мора да му овозможи на Елон Маск веднаш да ја отвори фабриката за производство на автомобили „Тесла“. Тоа може да се направи брзо и безбедно – напиша Трамп на Твитер.

Маск претходно изјави дека ќе ги премести фабриката и седиштето на компанијата од Калифорнија, доколку надлежните не дозволат отворање во контекст на ограничувањата поради пандемијата.

На вчерашната прес-конференција, гувернерот на Калифорнија, Гавин Њуз изјави дека не е информиран за деталите за конфликтот на Маск со локалните власти, но тој е заинтересиран за понатамошна соработка на таа држава со „Тесла“.

Фабриката за електрични автомобили го прекина производството на 26 март.