Трамп знае за новиот ракетен тест на Пјонгјанг, но го одмина со молчење

од Vladimir Zorba
85 прегледи

Претседателот на САД одби да даде коментар на оваа тема

Американскиот претседател Доналд Трамп бил информиран за неуспешниот ракетен тест на Северна Кореја. Потпретседателот Мајк Пенс, кој е на пат за Сеул исто е  во текот на развојот на ситуацијата, пренесе Ројтерс. Пенс бил информиран час откако неговиот авион полетал од Енкориџ во Аљаска за Сеул. Трамп не направил никаков коментар, откако бил информиран, изјави американскиот министер за одбрана Џејмс Матис. Трамп и Пенс одржуваат контакт во врска со Северна Кореја и разговарале за  неуспешното ракетно лансирање, пренесе ТАСС.