Трампови со ист потпис

од desk3
113 прегледи

Памела Андеросон, минатата недела на Twitter објави фотографија од писмото кое го примила од првата дама на Америка, Меланија Трамп. На сликата се гледа  и потписот на Меланија. Многумина веднаш забележаа дека потписот на првата дама од некаде им е познат. Потписот на писмото испратено од Меланија  бил ист како оној на нејзиниот сопруг, Доналд Трамп.

 

Аналитичарката Шеила Куртз овој детал вака го прокоментирала за Yahoo: ” Тоа е неверојатно. Ова е стилизирано, или пак, некој и покажал како да се потпишува или пак, станува збор за печат”. Според неа не е нормално потписите на мажот и жената  да си личат”.

@flotus
Dear Melania,
Thank you for your sweet note.
It is heartwarming to see you
manage your position with such beauty and grace.
Pamela

Потписот на Меланија по малку е неразбирлив. Според Куртз “Кoга некој пишува неразбирливо, тоа воглавно значи дека тие луѓе не сакаат да го прочитате она напишале”.

Исто така, таа според потписот на Меланија заклучила дека првата дама на Америка е остроумна и дека брзо ги “капира” информациите.