Транп: Иран да внимава со заканите, можат да му се вратат

од desk4
87 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Иран да биде „внимателен со заканите“ откако иранскиот претседател Хасан Рохани рече дека Техеран ќе го зголеми збогатувањето со ураниум над дозволената граница од нуклеарниот договор во 2015 година.

– Иран издаде ново предупредување: Рохани вели дека ќе го збогати ураниумот колку што сака ако нема нов нуклеарен договор, напиша Трамп на Твитер, додавајќи:
„Внимателно со заканите, Иран. Тие можат да ви се вратат и да ве гризнат како што никој никогаш не ве гризнал“.